САД: Покренато обвинение против полицаец за убиство

Од:

Големата порота составена од американски граѓани, покрена обвинение против полицаецот Питер Лианг поради убиство на невооружен Афроамериканец во њујоршкиот кварт Бруклин, кое што се случи во ноември минатата година.

Во инцидентот полицаецот го убил Акаи Герли (28) на скали во зграда во еден од најопасните станбени блокови во Њујорк.

Само ден по убиството, шефот на њујоршката полиција изјави дека се работи за грешка и дека жртвата не била виновна.

Инаку убиството се случило додека полицаецот Лианг и неговиот колега вршеле рутинска контрола во таа зграда во која порано се слулувале разни злосторства и убиства.

Убиството на Акаи кој што е татко на едно девојче се случи во контекст на високите тензии во САД по големиот број полициски пропусти во однос на Афроамериканците.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас