САД основаат фонд од 10 милијарди долари за идната власт на Венецуела

Од:

САД и некои други земји планираат да основаат фонд за Венецуела од 10 милијарди долари.

– Фондот ќе им биде наменет за идните власти на Венецуела за придвижување на економијата, изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Тој истакна дека иницијативата е покрената во четвртокот, на средбата на претставниците на 19 држави на маргините на пролетниот состанок на ММФ и Светска банка. Меѓу присутните земји биле Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада.

– Кога и да учествувам на состанок од ваков тип не можам да верувам колку е влошена состојбата на Венецуелците, нагласи Мнучин.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно