Ограничувањето на цената на руската нафта ќе го прекине главниот извор на приход на Путин

Од:

Новата граница на цената на руската нафта, договорена вчера од членките на ЕУ и потврдена денеска од членките на Г7 и Австралија, „веднаш ќе го прекине главниот извор на приход на Путин“, велат од САД. Американскиот министер за финансии Џенет Јелен рече дека ограничувањето, кое беше официјално одобрено од западните сојузници вчера, дојде по месеци напорна работа.

Ограничувањето ги спречува земјите да плаќаат повеќе од 60 долари за барел за извоз на руска сурова нафта преку море. Тој треба да стапи на сила на 5 декември или веднаш по него. „Земјите со низок и среден приход, кои беа во голема мера погодени од високите цени на енергијата и храната, особено ќе имаат корист од ова ограничување“, рече Јелен.

Таа, исто така, додаде дека тоа дополнително ќе ги ограничи финансиите на рускиот претседател Владимир Путин и ќе ги ограничи приходите што тој ги користи за финансирање на својата брутална инвазија, истовремено избегнувајќи глобално нарушување на снабдувањето што може да доведе до скок на цените на горивото ширум светот.

„Со оглед на тоа што руската економија веќе се намалува и нејзиниот буџет се повеќе расте, ограничувањето на цената веднаш ќе го прекине најважниот извор на приход на Путин“, рече Јелен.

Веднаш не беа дадени детали за тоа кои би можеле да бидат тие следни чекори. Официјален документ се очекува денеска.

Целта на ценовната граница, која е замисла на групата Г7, е да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта, а во исто време да се спречи растот на глобалните цени по стапувањето во сила на ембаргото на Европската унија за увоз на руска нафта.

Варшава се спротивстави на предложената цена и размислуваше да ја задржи цената под нејзиното пазарно ниво. Во преговорите со ЕУ, Полска лобираше цената да биде што е можно пониска со цел да се намали приходот на Русија и да се ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина.

Амбасадорот на Полска во ЕУ, Анджеј Садош, во петокот изјави дека Полска ја дала својата поддршка за договорот, кој вклучува механизам за задржување на ценовната граница најмалку пет отсто под нивото на пазарот. Американските власти рекоа дека тоа е договор без преседан, што ја покажува решеноста на коалицијата да се спротивстави на војната на Русија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека ограничувањето на цената значително ќе ги намали руските приходи.

„Тоа ќе ни помогне да ги стабилизираме цените на енергенсите ширум светот, во корист на економиите во развој ширум светот“, напиша фон дер Лајен на Твитер, додавајќи дека ограничувањето ќе биде „прилагодливо со текот на времето“ за да одговара на развојот на пазарот.

Ограничувањето ќе им овозможи на земјите надвор од ЕУ да продолжат да увезуваат руска нафта во странство, но ќе им забрани на превозниците и осигурителните компании да ракуваат со руска нафта ширум светот, освен ако не се продава по цена под ограничувањето.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија