САД одобри продажба на оружје на Тајван, нов голем упад на кинески воени авиони

Од:

САД ја одобрија потенцијалната продажба на ново оружје во вредност од 619 милиони долари на Тајван, вклучително и проектили за борбени авиони Ф-16, бидејќи Тајван известува за упад на кинеското воздухопловство во неговиот простор за воздушна одбрана.

Продажбата на оружје најверојатно дополнително ќе ги влоши веќе заладените врски меѓу Вашингтон и Пекинг, кој постојано бара прекин на таквите договори, сметајќи ги како неоправдана поддршка за Тајван, остров со демократски избрана влада за кој Кина тврди дека е нејзина територија, пишува Ројтерс.

Пентагон соопшти дека американскиот Стејт департмент одобрил потенцијална продажба на оружје и опрема на Тајван, вклучувајќи двесте напредни ракети воздух-воздух со среден дострел (AMRAAMs) и сто ракети АГМ-88Б HARM.

„Предложената продажба ќе придонесе за способноста на примачот да ја обезбеди одбраната на својот воздушен простор, регионалната безбедност и интероперабилноста со САД“, се вели во соопштението.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека ракетите ќе помогнат „ефективно да се одбрани воздушниот простор, да се справи со заканите и провокациите на комунистичката војска“ и да ги зајакне одбранбените резерви.

Тајван пријави втор ден од големи упади на кинеското воздухопловство во зоната за идентификација на воздушната одбрана, при што забележани се 21 кинески авион во изминатите 24 часа.

Кина рече дека нејзините активности во областа се оправдани бидејќи се обидува да го одбрани својот територијален интегритет и да ги предупреди САД на „заговор“ со Тајван, и покрај гневот што го предизвика во Тајван.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија