САД нема директно да учествуваат во евентуална воена интервенција во Венецуела, тврди венецуелски дипломат

Од:

САД најверојатно нема директно да учествуваат во евентуална воена интервенција во Венецуела, изјави денеска амбасадорот на Венецуела во Русија, Карлос Рафаел Фариа Тортоса.

– Подготвени сме да ја браниме нашата татковина по секоја цена. Нашиот претседател (Николас Мадуро) е многу јасен во врска со тоа. Нема да дозволиме да не нападне која било земја, дури и ако е толку моќна како Соединетите Американски Држави, иако ние мислиме дека САД нема директно да учествуваат, изјави венецуелскиот дипломат за ТАСС.

Тој додаде дека претседателот на Венецуела настојува мирно да се реши моменталната тензична ситуација.

– Мора да се каже дека сценариото, во кое претседателот Мадуро цврсто верува, предвидува сите проблеми да ги решиме со мирни средства. Нашето сценарио и нашата желба е да го сториме тоа, истакна Фариа Тортоса.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД