Амбасадорката на САД во НАТО, Џулијана Смит, денеска изјави дека не очекува Алијансата да ја покани Украина за членство на самитот во Вашингтон во јули.
Украина јасно стави до знаење дека нејзината цел е да стане членка на воената алијанса предводена од САД, наведува Ројтерс.
Киев и некои од неговите сојузници во НАТО, особено во Источна Европа, се залагаат за покана за членство, иако Украина не може да стане членка на НАТО додека е во војна.