САД не планира да ја избрише Куба од црната листа

Од:

САД немаат намера да ја избришат Куба од црната листата на држави кои што спонзорираат тероризам, а на која се наоѓаат и Сирија, Иран и Судан, соопшти Стејт департментот.

Според зборовите на потпаролот на Стејт департментот, Патрик Вентрела, листата на државите нема да биде променета.

Извештајот за тероризмот требаше да биде објавен во вторник, но се одложи и ќе биде објавен до крајот на мај.

Вашингтон ја обвинува Куба дека овозможува место на колумбијските бунтовници, баскијските екстремисти и американските бегалци, а Куба негира дека на кој било начин е поврзана со тероризам.

Еден од условите за бришење на некои држави кои спонзорираат тероризам, од црната листа е јавно да се откажат од тероризам, што Куба и го направи во април кога упати сочувство до американскиот народ и владата по бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија