САД не го поддржаа руско-турскиот договор за примирје во Идлиб

Од:

САД синоќа се изјаснија против усвојување на декларација во Советот за безбедност на Обединети нации, со која се поддржува руско-турскиот договор за примирје во сириската провинција Идлиб.

Според неименувани дипломатски извори, американските претставници изјавиле дека е „премногу рано“ за усвојување на заедничка декларација на СБ на ОН.

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган постигнаа договор за прекин на огнот во Идлиб. Според опозициските активисти и набљудувачи, вчера, првиот ден од примирјето нема руски и сириски воени авиони над Идлиб и ситуацијата е релативно мирна.

Путин и Ердоган на 5 март во Москва се договорија да создадат безбедносен коридор во провинцијата Идлиб во реонот на сирискиот автопат М4. Договорот предбидува од 15 март Русија и Турција да почнат заедничко патролирање низ автопатот М4 во Сирија од населбата Тромба до селото Аин ал-Хабр.

Ердоган вети дека Анкара „ќе им помогне на сириските бегалци да се вратат во својата татковина“, при тоа истакнувајќи оти Турција го задржува правото да одговори на евентуални дејствија на сириските воени сили.

– Турција го задржува правото да одговори на каков било напад од страна на режимот (на сирискиот претседател Башар ал Асад) со свои сили, нагласи Ердоган.
Ситуацијата во Идлиб ескалира на 27 февруари кога бунтовниците се обидоа да изведат голема офанзива. Сириската армија возврати на нападот, во кој според Анкара, загинаа 36 турски војници. Потоа турските воздушни сили извршија напади врз сириските позиции. Турција тврди дека погодила повеќе од 200 цели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски