САД не ги признаваат изборните резултати во Венецуела

Од:

Официјален Вашингтон одби да ги признае резултатите од претседателските избори во Венецуела, се додека траат несогласувањата околу победникот. Според официјалните резултати на државната изборна комисија, на изборите победи Николас Мадуро, кој од поранешниот претседател Уго Чавес беше определен за негов наследник.

Тој освои 50,8 отсто, додека кандидатот на опозицијата Енрике Каприлес доби 49 отсто од гласовите на Венецуелците. Опозицијата не ги признава резултатите,тврдејки дека тие се „фалсификувани“, како и дека на нивниот кандидат му се „украдени“ околу 300.000 гласови.

Каприлес бара пребројување на гласовите, но изборната комисија ги прогласи за конечни и неменливи. Мадуро денеска ќе биде и формално прогласен за нов претседател на Венецуела.

Тој реагираше во стилот на Чавес, за соопштението на САД дека не ги признаваат изборните резултати. Ние не се грижиме за вашето признание, изјави Мадуро во Каракас.

Неговата победа веќе ја прифатија неколку јужноамерикански земји, а пред се, Аргентина, Боливија, Бразил и Перу. Во главниот град на Перу денеска треба да се одржи и специјална средба на лидерите од неколку земји од Латинска Америка со поддршка на новиот претседател. Изјавата на американскиот Стејт департмент за венецуеските избори доаѓа по силните протести на опозицијата во која најмалку седум лица беа убиени. Опозицијата ја обвини Националната гарда, дека нејзини припадници насила одвлекле а десетици приврзаници на опозицијата кои во касарните биле претепани.

САД и Венецуела немаат амбасадори во Каракас и во Вашингтон од 2010 година, а Мадуро уште од пред изборите ги обвини Американците дека го „убиле“ Чавес. Министерот за нафта на Венецуела Рафаел Рамирез изјави за Би-би-си дека САД и Израел се виновни за смртта на поранешниот претседател.

„Ракот на Чавес беше инјектиран од империјалистичките сили, тврди министерот Рамирез.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху