САД најавија зголемување на инвестиции во Камбоџа

Од:

Претставници на осум големи компании од САД, меѓу кои Коноко-Филипс и Ексон мобил од нафтениот бизнис, Џенерал Електрик и Кока кола, денеска во Пном Пен, по разговорот со камбоџанскиот премиер Хун Сен најавија големи американски директни инвестиции во Камбоџа. Бизнис форумот во Камбоџа го организираше Комитетот за соработка меѓу САД и АСЕАН.

Американските компании се заинтересирани во Камбоџа да инвестираат во бизнисот со нафта и гас, земјоделството и преработувачката индустрија.

Минатата година компании од САД директно и во соработка со Светската банка за развој инвестирале  милијарда и 300 милиони долари. Најголем дел од овие средства биле вложени во изградба на енергетски капацитети и во инфраструктурата.

Камбоџа денеска најави дека до крајот на годината ќе започне да функционира он-лајн регистрација на странски компании заинтересирани за вложување во таа држава.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД