САД најавија воена помош за Украина вредна околу милијарда долари

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска информираше дека на Украина ќе ѝ испрати уште еден пакет воена помош, во вредност од милијарда долари или 980 милиони евра.

Станува збор за најголемата испорака на оружје за Украина од американските резерви.

Пакетот вклучува дополнителна муниција за ракетните системи од типот ХИМАРС, како и артилериска муниција, минофрлачки системи, противтенковски ракетни фрлачи и 50 оклопни медицински транспортери М113 и опрема.

Со тоа, вкупната вредност на американската воена помош за Украина ќе изнесува околу девет милијарди долари или 8,8 милијарди евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли