САД: Мажот што се обиде да упадне во Белата куќа имал муниција и ладно оружје

Од:

Мажот што во петокот вечер упадна на територијата на Белата куќа во својот автомобил имал 800 куршуми, нож и две секири, соопшти синоќа федералното обвинителство во Вашингтон.

Според помошникот обвинител Дејвид Мад. 42-годишен Омар Гонзалес, кого го уапсија припадници на обезбедувањето на Белата куќа, претставувал закана за претседателот на САД.

Муницијата и ладното оружје се откриени при претрес на неговиот автомобил.

Обвинителот Мад објави дека во август Гонзалес минал во близина на Белата куќа со секира, скриена под алиштата. Тој бил запрен од полицијата, но не бил уапсен.

Судот вчера одлучи Гонзалес да остане во притвор до судењето закажано на 1 октомври годинава.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас