САД ќе се повлече од договорите за заштита на животната средина

Од:

САД ќе ја промени својата политика во врска со климатските промени и ќе се повлече од глобалниот договор за намалување на емисиите на стакленички гасови, вели Мајрон Ебел, лидер на транзицискиот тим на американската Агенција за заштита на животната средина.

„Трамп би можел да го направи тоа со извршна наредба уште утре или во пакет со останати мерки“ рекол Ебел на конференција во Лондон.

Новиот американски претседател, Доналд Трамп е скептик во поглед на климатските промени, а во текот на кампањата ветуваше дека ќе вади повеќе нафта, плин и јаглед во САД и дека ќе се повлече од Паришкиот договор за борба против климатските промени.

Ебел, кој што работеше на транзицијата од администрацијата на Обама за администрацијата на Трамп во Агенцијата за заштита на околината, објасни дека е тешко да се предвиде тајмингот на овие одлуки, бидејќи секторите се сеуште во транзиција.

За нов директор на агенцијата трамп го назначи Скот Пруит, адвокат од Окахома, кој против агенцијата има воде 14 парници.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија