САД ќе одговорат доколку Кина постави воена база на Соломонските Острови

Од:

Американските власти денеска предупредија дека ќе одговорат доколку Кина постави воена база на Соломонските Острови, соопшти Белата куќа.

Висока американска делегација која ги посети Соломонските Острови им објасни на локалните лидери дека доколку Пекинг тргне кон „воспоставување постојано воено присуство“, тоа ќе предизвика „сериозна загриженост“ и оти САД ќе одговорат.

Нацрт верзијата на договорот, која протече во јавноста минатиот месец, ги вознемири западните влади со одредбите кои дозволуваат распоредување на кинески сили во островската држава во Тихиот Океан од околу 800.000 жители, која е потресена од политички и социјални немири и каде многумина живеат во сиромаштија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин