САД ќе испратат хуманитарна помош за Венецуела

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска потврди дека Вашингтон планира да испрати хуманитарна помош за населението на Венецуела кога за тоа ќе се создадат услови.

– Подготвени сме да обезбедиме хуманитарна помош за народот на Венецуела во висина од 20 милиони долари. Овие средства ќе дозволат да се надмине навистина тешката ситуација во земјата со обезбедување храна и лекови, изјави Помпео на заседание на постојаниот Совет на Организацијата на американските држави.

Тој ги повика и другите земји да ја поддржат опозицијата во Венецуела.

Претходно, Помпео го повика претседателот Николас Мадуро да ги предаде надлежностите додека претседателот Доналд Трамп во меѓувреме го призна за легитимен претседател Хуан Гуаидо, спикер на Националното собрание на Венецуела.

Мадуро ги обвини САД за државен удар и изјави дека ги раскинува дипломатските односи со Вашингтон. Помпео од своја страна изјави дека Мадуро нема надлежности да дава такви изјави.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски