Американскиот претседател Барак Обама и Агенцијата за храна и лекови (ФДА) го прифатија барањето на владата на Либерија во земјата да бидат испратени неколку дози од експериметалниот лек за либериските лекари заразени со вирусот ебола.
Во соопштението објавено на официјалниот сајт на претседателството на Либерија, се наведува дека експерименталниот лек ќе биде доставен во текот на неделата од претставници на американската Влада.
Претседателот на Либерија Елен Џонсон Сирлиф во петокот од Обама побара неколку дози од експерименталниот лек.
Директорката на Светската здравствена организација Маргарет Чан, исто така, дозволи испорака на дополнителни дози од експерименталниот лек во Либерија, се наведува во соопштението.