САД ќе испратат 70 обвинители на Блискиот исток и на Балканот за истраги и судења на џихадисти од Сирија

Од:

САД соопштија дека ќе испратат околу 70 свои обвинители во 14 земји од Балканот, Блискиот исток и северна Африка, за да им помагат на тамошните власти во истрагите и изведувањето пред суд на џихадистите кои се враќаат од Сирија, пренесоа светските агенции.

– Со поддршка на Бирото за борба со тероризмот на Стејт департментот Министерството за правда испраќа федерални обвинители и постари советници за правосудната дејност во клучните региони за работа со земјите кои се стремат да го подобрат својот капацитет за истражување и исправање пред суд на странските терористички борци, соопшти американскиот министер за правда Ерик Холдер.

Тој посочи дека правните експерти ќе ја дадат „животно важната поддршка на американските сојузници за судското гонење на лицата кои се вратени од Сирија“.

Соработката вклучува размена на информации, истраги, судско гонење и борба против екстремизмот, додаде тој.

Високо позициониран претставник на американското Министерство за правда прецизира дека околу 70 американски обвинители ќе работат во Албанија, Босна, Косово, Србија и Хрватска, како и во неутврден број земји од северна Африка и Блискиот исток, „од Алжир до Мароко, како и во западна Африка“.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД