САД ќе ги ексхумира останките на загинатите во нападот на Перл Харбор

Од:

Посмртните останки на речиси 400 американски морнари и маринци загинати во нападите на Перл Харбор ќе бидат ексхумирани, за да можат да бидат идентификувани и потоа одделно погребани, соопшти денеска Пентагон.

Загинатите морнари и маринци се наоѓале на воениот брод „УС С Оклахома“ кога во 1941 година бил погоден од јапонско торпедо, а нивните тела се закопани во заедничка гробница на Хаваи.

Досега се идентификувани само 35 од вкупно 429 морнари и маринци, кои загинале во јапонскиот напад на бродот „Оклахома“, а новите напори за идентификација значајно ќе придонесат за напредокот остварен на полето на форензичарската наука и ДНК анализата, сооппти американското Министерство за одбрана.

Воениот брод „Оклахома“ беше еден од неколкуте американски бродови кои беа мета на јапонските подморници и бомбардери во ненадејниот напад на 7 декември 1941 година, во кој загинаа повеќе од 2.400 луѓе.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас