САД ќе бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН

Од:

САД ќе побараат од Генералното собрание на ОН да ја суспендира Русија од Советот за човекови права, изјави американскиот амбасадор во ОН, откако Украина ги обвини руските војници за злосторства врз цивили во украинскиот град Буча.

Русија може да биде суспендирана со двотретинско мнозинство од 193-членото Генерално собрание во Њујорк поради постојаните груби и систематски прекршувања на човековите права, јавија западни медиуми.

„Учеството на Русија во Советот за човекови права е фарса. Тоа е погрешно, затоа сметаме дека е време Генералното собрание на ОН да гласа и да ја отстрани Русија од тоÐ ° тело“, изјави американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд при нејзината посета на Романија и изрази желба да се гласа за тоа оваа недела.

Официјален Киев најави дека ќе ги искористи сите „достапни механизми на ОН“ за собирање докази за руските злосторства во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција