САД испрати хуманитарна помош за Куба првпат по 50 години

Од:

Брод со хуманитарна помош отпатува вчера од Мајами за Куба, што е прва американска хуманитарна доставка за оваа земја во изминатите 50 години.

„Првиот брод „Ана Сесилија“ отпатува со хуманитарна помош и ние ве уверуваме дека ништо од тоа нема да се продава во Куба“, изјави Леондарно Санчес Адега, портпарол на фирмата „Интернешнл Порт Корп“, која е одговорна за доставувањето на продуктите. Фирмата има лиценца за извршување на доставките, обезбедени од добротворни, хуманитарни и религиозни организации.

Бродот со десет член екипаж може да превезува до 16 контејнери и тој ќе патува до Хавана секоја среда.

„Екипажот ќе растовари се што е потребно и потоа бродот се враќа во Мајами“, истакна Санчез Адега.

Компанијата, која исто така треба да ги почитува одредбите за целосно трговско ембарго кон Куба, воведено во февруари 1962 година од американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, нагласи дека за овие доставки добила специјално одобрение од американските власти.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху