САД ќе испратат најмалку 50 медицински експерти во Западна Африка што ќе помогнат во борбата против најголемата епидемија на Ебола, јави Би-Би-Си.
Високи американски здравствен службеник изјави дека епидемијата е надвор од контрола, но сепак може да биде запрена.
Од Ебола годинава животот го загубија 728 лица во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Стапката на смртност од болеста изнесува 55 проценти. Американските експерти во Западна Африка треба да стигнат во рок од 30 дена.