САД – Ирак – Иран: Може ли Вашингтон и Техеран да се приближат до сегашен Ирак!?

Од:

Заедничко и на Вашингтон и на Техеран е да го спречат движењето кои милитантите од Сирија го проширија на подрачјето на северен Ирак, со цел за создавање на нова исламска држава.

Дали тој интерес може да резултира со приближување на САД и Иран, макар кога се во прашање сегашните судири во Ирак и Сирија?

Воздушните напади на американската авијација на единиците на ирачката војска помогнаа да ја преземат контролата на најголемата брана во Ирак и да ја спречат опасноста од катастрофални поплави со рушење на браната или нагло испуштање на водата.

Потиснувањето на милитантите назад, преку границата со Сирија ќе бара многу посилен воен ангажман, диригиран од Багдад, оценува аналитичарот Стиви Хејдемен: – САД многу јасно истакнуваат дека сегашната состојба во Ирак е проблем на централната влада во Ирак, дека тоа не е проблем кој Вашингтон може да го реши.

По разговорот со мандатарот на новата влада на Ирак Халдер ал-Абади, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Стеинмер истакна дека ирачките сунити, шиити и Курди мора заеднички да се спротивстават на милитантите:

– Новиот мандатар има и големи надежи дека тој може да ги обедините различните ирачки групи и да основа влада која подеднакво ќе ги штити нивните интереси. Единствен начин да се поразат терористите и милитантите на исламската држава е поддршка од многу незадоволни од досегашната влада во Ирак.

– Лидерите на ирачките сунити, за да ја поддржат новата влада и да се спротивстават со сунитите на милитантното движење, бараат промени внатре во силите за безбедност во кои шиититие се доминанти. Ал Хатем Сулејман, лидер на племето Дулаими смета дека мандатарот на новата ирачка влада и нејзин веројатен претседател не може само да ги проколнува сунитите да се борат против милитантите: – Исламската држава не е голем проблем за нас. Хајдер ал-Абади мора прво да ги прочисти силите за безбедност и разузнавачкиот апарат.

За такво нешто треба да се вклучи Иран, кој поддржувајќи ја претходната влада на Ирак, помогна за создавање на неповолна состојба. Иран ќе продолжи да влијае на движењата во Ирак, вели аналитичарот Хајдеман и додава:

– На Техеран не му значи многу кој од шиитите ќе биде претседател на ирачката влада. Кога е во прашање Сирија, Иран исто така ќе продолжи да го поддржува режимот на Башар ал-Асад.

Иран не само што го поддржува сирискиот режим, туку тој режим го користи и за вооружување на милитантите на Хезболах. Според оценка на професорот на универзитетот Американ Геја Зива, со тесна соработка меѓу Вашингтон и Техеран може да дојде до извесни промени:

– Пратките со оружје и опрема, една по друга одат од Иран преку Сирија до Хезболах во Либан. Некои од нив Израел успева да ги пресретне. Мислам дека со подобрување на американско-ирачките односи таа оска може да се прекине.

Заканата која по интересите на Техеран и Вашингтон ја претставуваат милитантите кои се борат за нова исламска држава нема да биде мост со кој двете страни ќе ги премостат фундаменталните разлики, истакна американскиот амбасадор Адам Ерели:

– Ако анализирате било кое спорно прашање – Хамас, Сирија, Ирак, иранската нуклеарна програма, човековите права во Иран, заклучок е дека политиката и однесувањето на Техеран се конзистентни. Тоа е политика целосно спротивна, непријателска кон американските и интересите на нашите сојузници.

На Хајдер ал-Абади како нов претседател на ирачката влада, ќе му треба директна воена помош од САД и поддршка од Иран, за да може ефикасно да се спротивстави на сириско-ирачките милитантни движења за исламска држава. Целосна поддршка му треба и да ги придобие ирачките сунити и Курди да ја поддржат новата влада за чие основање е задолжен.

Гласот на Америка – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија