САД, Индија и Јапонија почнаа воени вежби во западниот дел на Пацификот

Од:

САД, Индија и Јапонија почнаа вчера големи военопоморски вежби во западниот дел на Тихиот Океан, во близина на јапонскиот архипелаг, кон кој претензии има и Пекинг.

Предвидено е почетокот на активната фаза на маневрите да биде во вторник и да трае до петок.
Вежбите „Малабар“ се одржуваат секоја година со учество на САД и Индија. Јапонија учествува во маневрите прв пат од 2007 година.

Островите Сенкаку, како што се познати во Јапонија, се наоѓаат во Источнокинеското Море, на околу 220 километри западно од Тајван. Кина исто така има претензии кон архипелагот, кој го нарекува Дијаоу.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска