САД и партнерите извршија нови напади во реонот на сирискиот град Кобане

Од:

Американската армија и силите на земјите-партнери извршија осум воздушни напади врз цели на групата Исламска држава (ИД) во близина на сирискиот град Кобане, соопшти синоќа Централната команда на САД.

– Централната команда на САД продолжува внимателно да ја следи ситуацијата во Кобане. Според индикациите. курдските милиции продолжуваат да контролираат поголем дел од градот и ги одвраќаат нападите на ИД, се наведува во соопштението.

Во нападите се уништени неколку цели на ИД, вклучително пет возила со монтирани оружја на нив, магацин, команден и контролен пункт, логистички објект, како и осум окупирани касарни.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД