САД и Кина ќе соработуваат против нуклеарниот тероризам

Од:

САД и Кина се посветени на соработката за намалување на заканата од нуклеарен тероризам, изјавија синоќа лидерите на двете земји Барак Обама и Кси Џипинг.

Во заедничкото соопштение по состанокот на Обама и Кси се наведува дека двете држави планираат секоја година да одржуваат разговори за нуклеарната безбедност и да ја промовираат работата на меѓународните агенции.

САД и Кина ветија дека ќе работат на борбата против криумчарење на нуклеарни материјали и зајакнување на соработката за обезбедување на радиоактивните извори.

Обама и Кси разговараа на маргините на Самитот за нуклеарна безбедност на кој една од главните теми беше нуклеарната закана од Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД