САД и Катар потпишаа договор за борба против тероризмот

Од:

Во текот на посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на Доха, САД и Катар денеска потпишаа спогодба за борба против тероризмот и неговото финансирање, изјави високиот советник во Стејт департментот, Роберт Хамонд.

– Катар и САД потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете земји, што ги предвидува идните напори на Катар во засилувањето на борбата против тероризмот и активното решавање на прашањето на финансирање на тероризмот, рече Хамонд.

Според Хамонд, ова е „оптимистичен чекор напред“.

Истовремено, Египет денеска најави дека министрите за надворешни работи на четирите арапски држави кои ги прекинаа врските со Катар, утре во Саудиска Арабија ќе разговараат со Тилерсон.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска доби покана од неговиот саудиски колега Адел ал-Џубеир утре да дојде на разговори во Џеда, соопшти Министарството во Каиро.

– Овој состанак ја одразува желбата на четирите земји да ја засилат координацијата и да го подвлечат своето единство во поглед на идните односи со Катар, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД