САД и ЕУ загрижени поради „проблематичните и еднострани акции“ на Кина

Од:

САД и Европската унија денеска изразија силна загриженост поради „проблематичните и еднострани акции“ на Кина во Јужно и во Источно Кинеско Море, како и во Тајванското Море.

Заедничката изјава уследи по разговорите во Вашингтон, кои ги водеа американскиот заменик државен секретар Венди Шерман и европскиот државен секретар за надворешни работи Стефано Санино.

Шерман и Санино копретседаваа со вториот дијалог САД-ЕУ за Кина и консултациите на високо ниво за Индо-Пацификот.

Европската комисија пред два дена ја објави новата европска инвестициска стратегија Глобална порта, (Global Gateway), која ќе финансира проекти од областа на зелената и дигиталната транзиција, енергетската и транспортната инфраструктура, како и зајакнување на областите на здравството, образованието и истражувањето.

Планирано е Глобална порта да мобилизира до 300 милијарди евра за европски инвестиции во светот до 2027 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски