САД и ЕУ изразија задоволство од нафтената спогодба меѓу Судан и Јужен Судан

Од:

САД и Европската унија изразија задоволство од спогодбата, што ја постигнаа Судан и Јужен Судан околу спорот за приходите од нафтата во пограничната зона.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која оваа недела го посети Јужен Судан во рамки на нејзината африканска турнеја, ги пофали двете земји.

– Упатуваме пофалба кон раководството на Јужен Судан за оваа одлука, изјави Клинтон и додаде дека ова решение е позитивно за јужносуданскиот народ и за неговата подобра иднина.

Клинтон упати повик и кон Владата на Судан да преземе чекори за воспоставување на мир во областите Јужен Кордофан, Синиот Нил и Дарфур.

Американскиот претседател Барак Обама исто така ја пофали спогодбата меѓу двете судански држави. Тој нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да ги поддржува напорите за постигнување мир и побара од двете земји да го искористат импулсот од таа спогодба во решавање на сите останатите прашања за границата и безбедноста.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон исто така ја поздрави веста за постигнатата спогодба.

– Упатувам пофалба кон двете влада за духот на соработка и компромис, со кој беше овозможена оваа спогодба и се надевам дека сега тој ќе се прошири и врз другите исклучително важни прашања, вклучувајќи ги границите, регионот Абиеј и обезбедувањето на пограничните области, нагласи Ештон.

Напредокот во преговорите меѓу Судан и Јужен Судан за распределба на приходите од продажбата на нафта беше објавен вчера. Главниот посредник во преговорите Табо Мбеки изјави во Адис Абеба дека „нафтата ќе почне да тече“.

Во главниот град на Етиопија се одржа заеднички состанок на Африканската унија и Советот за безбдност на Обединетите нации, на кој беше разгледана кризата во односите меѓу двете судански држави.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска