САД и Британија ги обвинија талибанците за „воени злосторства“

Од:

САД и Велика Британија ги обвинија талибанците за дела што може да се водат како „воени злосторства“ во градот Спин Болдак во близина на границата со Пакистан, што нивните борци го зазедоа минатиот месец.

„Талибанците масакрираа десетици цивили во одмазднички убиства. Овие убиства може да спаѓаат во воени злосторства“, соопштија амбасадите на САД и Велика Броитанија во одделни твитови.

„Талибанските лидери треба да одговараат за злосторствата на нивните борци. Ако сега не можат да ги контролираат своите членови, тогаш подоцна не им место ниту во власта“, ​​порачаа амбасадите.

Соопштенијата се објавени откако Авганистанската независна комисија за човекови права соопшти дека талибанците ги извршија убиствата во Спин Болдак.

„По заземањето на областа Спин Болдак, талибанците ги прогонуваа и идентификуваа поранешните и сегашните владини претставници и ги убиваа оние луѓе кои не учествуваа во борбите“, соопшти комисијата, додавајќи дека талибанците убиле најмалку 40 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња