САД: Хезболах да не се вклучува во војната меѓу Иран и Израел

Од:

Специјалниот американски пратеник за Сирија, Том Барак, го предупреди Хезболах да не се вклучува во војна меѓу Иран и Израел, објави АФП.

Барак, кој е и амбасадор на САД во Турција, е во прва официјална посета на Бејрут, каде што се сретна со високи либански функционери, вклучувајќи го и претседателот на парламентот Набих Бери, сојузник на Хезболах.

„Можам да кажам во име на претседателот Доналд Трамп… дека тоа би била многу, многу, многу лоша одлука“, рече Барак по средбата со Бери, одговарајќи на прашање за ставот на САД доколку либанската вооружена група Хезболах, поддржана од Иран, се вклучи во војната.

Хезболах ги осуди израелските напади врз Иран кога избувна конфликтот во петокот, но не објави никакви планови за интервенција во име на Техеран. Групата претрпе големи загуби во минатогодишната војна со Израел, која заврши со договор за прекин на огнот во ноември.

И покрај прекинот на огнот, Израел ги продолжи нападите врз Либан, велејќи дека ќе продолжи со нападите додека Хезболах не се разоружа. Во израелски напад врз Кфар Јуз во јужен Либан во среда загинаа две лица, додека во друг напад во Бариш беше повредено едно лице, соопшти либанското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Тврд став на Техеран – нема попуштање пред САД

ВИДЕО: Нуклеарен договор во замена за укинување на санкции, Иран им одговори на САД

ВИДЕО: Договор или многу трауматични последици – Трамп му дава на Иран еден месец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Страшна експлозија го потресе главниот град на Иран

А1он

Трамп го испраќа најголемиот носач на авиони во светот на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери