САД го укинуваат специјалниот статус за Хонг Конг

Од:

САД денеска почнаа да го укинуваат специјалниот статус на Хонг Конг, суспендирајќи го извозот на воена опрема и ограничувајќи го високо-технолошкиот извоз на американски производи, како брз одговор на усвојувањето на новиот кинески Закон за национална безбедност за Хонг Конг, пренесоа британските медиуми.

Американското Министерство за трговија соопшти дека го суспендира „преференцијалниот статус на Хонг Конг“, повикувајќи го официјален Пекинг веднаш да го суспендира новиот закон и да ги испорача ветувањата дадени пред граѓаните на Хонг Конг и светот.

-Одлуката на кинеските власти да ја уништат слободата во Хонг Конг ја принуди американската администрација да ја преиспита својата политика кон оваа територија, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Помпео истакна дека САД реагираат со цел да ја заштитат националната безбедност.

Официјален Пекинг вчера соопшти дека ќе воведе визни ограничувања за сите Американци кои се спротивставуваат на промените во Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД