САД го укинаа ембаргото за извоз на оружје во Виетнам

Од:

САД целосно ја укинаа забраната за продажба на оружје за Виетнам, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама за време на официјалната посета на Ханој, означувајќи го со тоа крајот на повеќедецениското ембарго на Вашингтон кон некогашниот непријател.

– САД целосно ја укинаа забраната за продажба на воена операма на Виетнам, која беше во сила околу 50 години, рече Обама на заедничката прес-конференција со виетнамскиот колега Тран Дај Кванг.

Официјален Вашингтон во 2014 година делумно го укина тоа ембарго, но виетнамските власти сакаа негово целосно укинување, со оглед на кинеските територијални претензии и активносите на кинеската војска во спорното Јужно Кинеско Море.

Обама истакна дека одлуката за укинување на ембаргото на извоз на оружје за Виетнам не е донесена врз основа на односите со Кина, туку на желбата да се стави крај на долгиот процес за нормализација на односите меѓу САД и Виетнам.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД