САД го осудија обидот на Пјонгјанг да лансира интерконтинентална балистичка ракета

Од:

САД го осудија денешниот обид на Северна Кореја да лансира интерконтинентална балистичка ракета и повикаа на строго спроведување на санкциите на ОН против Пјонгјанг.

Лансирањето „ја нагласува потребата сите земји целосно да ги спроведат резолуциите на Советот за безбедност“ со кои се воведуваат санкции кон Северна Кореја, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Северна Кореја денеска се обиде да лансира интерконтинентална балистичка ракета, но се чини дека лансирањето не успеа, соопшти јужнокорејската војска, еден ден по серијата лансирања. Според вооружените сили на Јужна Кореја, неуспехот најверојатно се случил „за време на втората фаза на разделувањето“

Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека рано утрото регистрирале лансирање на интерконтинентална балистичка ракета, по што следеле две лансирања на балистичка ракета со краток дострел. Ракетата со голем дострел поминала околу 760 километри на височина од 1.920 километри со брзина 15 пати поголема од онаа на звукот. Била истрелана под остар агол, можеби за да се избегне влегување на територијата на соседните земји. Ракетите со краток дострел летаа на височина од околу 330 километри, со брзина петпати поголема од брзината на звукот.

Би можело да ве интересира

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот

Стејт департмент: Договорот за НАТО стапи во сила за Македонија

Кочо Анѓушев и неговата фамилија ставени на црната листа на САД

А1он