САД ги уверуваат земјите од Персискиот Залив во американското воено сојузништво

Од:

Американскиот претседател Барак Обама им ветил на високите претставници на земјите од Персискиот Залив заштита од САД, доколку е потребно и со воена сила, во сегашните услови на зголемени тензии меѓу арапските сунитски држави и шиитски Иран, соопштено е на крајот на дводневните разговори.

Во текот на разговорите во Кемп Дејвид, во близината на Вашингтон, Обама ги уверувал претставниците на Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Катар и Оман, сите членки на Советот за соработка во Заливот, дека нуклеарната спогодба со Иран, не претставува закана за овие држави.

Во заедничкото соопштение, се навестени нови форми на соработка меѓу САД и шесте земји од регионот на Персискиот Залив во повеќе области, а пред се, во борбата со тероризмот, поморската и кибер безбедност, како и во одбраната од балистичките ракети.

Соопштението на сите земји учеснички го истакува и ветувањето на САД дека во случај на каква било  агресија, Американците ќе им притекнат на помош на овие шест земји.

Односите на Вашингтон со неговите партнери во регионот на Заливот, се заладија откако беше најавено дека е можно меѓународната заедница да ги укине санкциите кон Иран, како дел од спогодбата на САД,Велика Британија,Франција,Кина,Русија, плус Германија, со властите во Техеран, околу иранската нуклеарна програма.

САД ги уверуваат сојузничките земји во регионот, кои се во правата линија наспроти Иран, дека евентуалнот конечен договор за иранската нуклеарна програма, е ексклузивен документ, што се однесува само ова специфично прашање.Тоа значи дека тој не спречува американски одговор на било која иранска непријателска реакција кон заливската „шесторка“.

Земјите членки на регионалниот Совет за соработка, бараат од Вашингтон посилни безбедносни гаранции и создавање посебен пакт за одбрана, меѓу САД и земјите од Персискиот Залив, што од американската страна не се прифаќа.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас