САД меѓу 2006 и 2012 година ги шпионирале последните тројца француски претседатели Жак Ширак, Никола Саркзи и Франсоа Оланд, според документите објавени од Викиликс од страна на весникот „Либерасион“ и веб порталот „Медијапар“, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Според Викиликс, следењето на комуникациите на француските претседатели биле класифицирани како „најстрога тајна“. Станува збор за пет извештаи на американската служба НСА кои се потпираат на пресретнување-прислушување на комуникациите. Тие биле наменети за американското разузнување и доаѓале од бирото идентификувано како тоа „Суммари Сервис“. Од откриените прислушувања нема некои поголеми пикантерии.
Најновиот документ е со датум од 22 мај 2012, односно само неколку дена по влегувањето на Франсоа Оланд во Елисесјката палата. Во него станува збор за тајните состаноци на кои се зборувало за евентуалното излегување на Грција од еврозоната. „Оланд е многу загрижен за Грција“, пишува НСА, која тврди дека францускиот претседател ја нашол германската канцеларка Ангела Меркел, со која се сретнал веднаш по доаѓањето на функцијата во Берлин, „опседната од буџетскиот пакт и пред се од Грција, која тааја остави, според него, таа нема да се помести“.
Друго откритие за Оланд, тој откако се сретнал со Меркел, го контактирал шефот на СПД Сигмар Габриел и го повикал во Париз да дискутираат. Неговиот премиер на времето Жан-Марк Еро му посоветува да го чува настанот како таен за да се избегнат „дипломатски проблеми“ ако канцеларката дознала дека Париз се среќава со германската опозиција тајно.
Во однос на Никола Саркози, документите покажуваат дека поранешниот претседател во 2008 година се гледаше како „единствениот човек способен“ да ја разреши финансиската криза. По финансиската криза во 2008 година, НСА тврди дека според него „Вашинготн сега води сметка за некои од неговите совети“. Според Саркози тоа било првпат кога САД не реагирале како лидер во водење на една криза и Франција сега ја презела раката. НСА пишува дека Саркози тогаш сметал да го повика рускиот претседател Дмитриј Медведев за евентуална заедничка инцијатива на Блискиот Исток без САД.
НСА тврди дека начинот на кој Жак Ширак му давал наредби на Филип Дуст-Блази во однос на поддршкатаза назнчувањето на Норвежанецот Терје Роед Ларсен за генерален секретар на ООН, докажува дека тој го сметал својот министер за надворешни работи како „нешто што дава неточни информации“.
Од објавеното се гледа дека и блиските опкружувања на француските претседатели беа следени од НСА, како нивните најблиски соработници и советници, но и телефонската централа на Министерството за финансии или за Земјоделство.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, одлучи денес во 9 часот да одржи состанок на Советот за одбрана во Елисејската палата, за да ја процени природата на информациите во печатот и да извлече корисни заклучоци.
Опкружувањето на Никола Саркози оцени дека се работи за „неприфатливи методи, земено глобално и посебно меѓу сојузниците“.