САД формираат специјална група за борба против кибер измами

Од:

Американската тајна служба соопшти дека формира посебна специјална група за борба против кибер измами која ќе има 160 канцеларии во САД и низ целиот свет.

– Со доближувањето на кибер -просторот и традиционалниот финансиски криминал, американските тајни служби официјално ги спојуваат специјалната група за борба против електронски криминал и специјалната група за борба против финансиски криминал, во една мрежа наречена Специјална група за борба против кибер измами, се вели во соопштението.

Во соопштението се истакнува дека работата за откривање и спречување финансиски криминал во кибер-просторот, спроведена од март годинава, довела до големи и важни резултати.

Поточно, стопирани се стотици измамнички шеми поврзани со Ковид-19, како што е нелегална онлајн продажба на украдени тестови за коронавирусот, како и успешно спротивставување на меѓународните измамници што ги напаѓаат програмите на американската влада за борба против невработеноста.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД