САД бараат Хезболах неодложно да ги повлече борците од Сирија

Од:

САД бараат либанското шиитско движење Хезболах неодложно да ги повлече борците од сирискиот конфликт и конкретно од судирите за стратешкиот град Кусеир.

– Најостро ја осудуваме изјавата на водачот на Хезболах Хасан Насрала, кој ја потврди активната улога на борците во судирите во Кусеир и во Сирија. Тоа е неприфатлива и исклучително опасна ескалација, изјави портпаролот на Стејт департментот Џенифер Псаки.

Таа истакна дека засега нема решение по прашањето за учество на Иран во меѓународната конференција за Сирија.

– САД сметаат дека Иран не игра конструктивна улога по прашањето за Сирија. Техеран таму испраќа оружје, пари и борци и ја финансира групата Хезболах, додаде Псаки.

Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама не ја исклучува можноста за наложување зона забранета за летови над Сирија.

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он