САД бара од Израел да даде шанса на палестинската држава

Од:

Соединетите Американски Држави побараа од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги зачува изгледите за создавање палестинска држава додека размислува за анексија на Западниот Брег, рече Дејвид Шенкер, американски дипломат задолжен за Блискиот исток.

Владата на Нетанјаху најави дека едностраната анексија на 30 проценти од окупираниот Западен Брег може да започне на 1 јули, во согласност со планот на Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп.

Планот на Трамп предвидува и независна палестинска држава иако таа би била демилитаризирана и нејзин главен град не би бил Источен Ерусалим, а тоа е она за што се стремат Палестинците.

Шенкер рече дека Нетанјаху се соочува со притисок во Израел и дека некои негови приврзаници „сакаат анексија, но не се премногу ентузијасти за (визијата на Трамп) за мирот, која исто така повикува на палестинска држава“, рече синоќа Шенкер.

– Затоа ги повикуваме Израелците да не сторат ништо што ќе спречи спроведување на визијата, рече американскиот претставник и додаде дека не е сигурен дали Нетанјаху ќе ја постигне својата намера додека ги проценува последиците што може да ги има.

– Не би бил изненаден ако не видиме ништо, но мислам дека премиерот би сакал да стори нешто, рече Шенкер.

Администрацијата на Трамп смета дека Израел треба да одлучи за анексијата.

Шенкер рече дека Израел е свесен за заканата од последици од страна на европските сили, како и за острото спротивставување на пријателските арапски земји.

Палестинската власт го отфрли планот на Трамп, обвинувајќи ја администрацијата дека е пристрасна и дека се обидува да ги купи Палестинците ветувајќи идни инвестиции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци