Руте ќе го убедува Трамп да не ја принудува Украина да прифати мировен договор против нејзината волја

Од:

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ќе ја повика администрацијата на Доналд Трамп да не ја принудува Украина да прифати мировен договор против нејзината волја, пишува „Фајненшл тајмс“ пред средбата на Руте со клучните членови на тимот на Трамп во Вашингтон.

Повикувајќи се на тројца неименувани функционери, весникот објави дека генералниот секретар на НАТО ќе посочи дека „неправеден“ крај на конфликтот, наводно, ќе го зголеми нивото на закана за Европа од Москва.

„Клучната порака е да бидете сигурни дека Американците разбираат што е во прашање“, изјави еден од изворите за Фајненшл тајмс.

Според написот, Руте закажал средби во Вашингтон со шефот на Пентагон Пит Хегсет, државниот секретар Марко Рубио и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.

Главната цел на посетата на генералниот секретар на НАТО на главниот град на САД е да се разговара за подготовките за јунскиот самит на алијансата во Хаг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби