Руте: Делумното „затворање“ во Холандија ќе остане во сила до средината на декември

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека повеќето тековни мерки во рамки на „затворањето’, воведени заради борба против коронавирусот во неговата земја треба да останат во сила до средината на декември, и покрај неодамнешниот пад на бројот на нови случаи.

– Тоа што заедно го постигнавме е добра работа, рече Руте на прес-конференција откако здравствените власти соопштија дека новите случаи се намалени за 15 проценти во изминатата недела.

– Но, ако погледнете во Европа, сликата е прилично мрачна, рече тој, посочувајќи дека повеќето земји ги заоструваат, а не ги олабавуваат мерките.

Вчера, Националниот институт за здравство објави во своите неделни податоци, кои покажуваат дека за седум дена до 17 ноември, новите случаи се 37 706, што е најмала бројка од почетокот на октомври.

„Но, бројот на луѓе со позитивен резултат од тестот останува доста голем“, велат од Институтот. Во секој регион на Холандија, повеќе од 150 на 100.000 луѓе се заразени.

Холандија беше една од првите европски земји што по вторпат се затвори оваа година кон средината на октомври, но овој пат делумно, а на 3 ноември Владата на Руте ги заостри мерките, набрзо откако на 30 октомври, бројот на нови случаи за 24 часа на ден надмина 11.000 лица.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи