Руското МНР до Блинкен: Кога Американците влегуваат во вашата куќа, ретко кој останува жив без да биде ограбен и силуван

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „историјата ни одржа лекција дека кога Русите влегуваат во нечија куќа, тешко од неа излегуваат“.

На ова реагираше руското Министерство за надворешни работи.

Таа изјава е дрскост потврдена на многу примери, вклучително и примерот на Југославија, соопшти руското МНР.

Имено, Блинкен го коментираше влезот на мировниците на ОДКБ во Казахстан, кој го сочинуваат претставници на вооружените сили на Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан. Според официјална Москва, со оваа изјава Блинкен на многу подмолен начин го коментирал „апсолутно легитимниот одговор на ОДКБ на повикот на раководството на Казахстан со цел да се даде поддршка во осигурувањето на безбедноста на државата“.

„Ако Ентони Блинкен толку многу ја сака историјата, тогаш нека го има на ум и следното – кога Американците влегуваат во вашата куќа, ретко кој останува жив без да биде ограбен и силуван“, се вели во соопштението.

Одделот за надворешна политика на Русија посочува дека во прилог на ова тврдење одат и сите 300 години американска државност.

„Тоа може да го потврдат сите Индијанци од северноамериканскиот континент, Корејците, Виетнамците, Ирачаните, Панамците, Југословените, Либијците, Сиријците и сите други кои немале среќа да ги имаат овие непоканети гости во својата куќа“, заклучува руското Министерство.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ