Руско предупредување до Молдавија по инцидентот со вицепремиерот Рогозин

Од:

Официјална Москва ја предупреди Владата во Кишењев, заканувајќи и се со „остар одговор“ по инцидентот со руската делегација во Молдавија, што ја предводеше заменик-премиерот Дмитри Рогозин.

Рускиот премиер Дмитри Медведев рече дека „инцидентот ќе биде ставен на сметка на економската соработка со Молдавија“, што треба да се сфати како закана со можност да се употребаат економски санкции, против оваа поранешна советска република.

Инцидентот се случи на аеродромот во главниот молдавски град Кишењев при враќањето на руската делегација, која беше во посета на главниот град на прорускиот сепаратиситчки регион Придњестровје, Тираспол, каде Рогозин заедно со неколкумина пратеници на руската Дума, присуствуваше на одбележувањето на Денот на победата на советската армија над нацистичка Германија од Втората светска војна.

Во текот на престојот, Рогозин прими официјална петиција со барање за приклучување на Придњестровје кон Русија. При враќањето на службениот авион од Тираспол во Кишењев, леталото било задржано на аердоромот во молдавскиот главен град и било детално претресено од локалната полиција.

Патот и престојот на Рогозин во Придњестровје во молдавската политичка јавнист се оценува како „провокација“ во услови на сегашната украинска криза, па властите на Романија и Украина не дозволија прелет на рускиот авион преку нивните територии.

Рогозин и другите членови на руската делегација се вратија во Москва со редовен авионски лет.

Придњестровје е мала и тесна територија, покрај молдавско-украинската граница, во која Русите се мнозинство од населението.

Во почетокот на 90-те години на 20 век, по распадот на поранешниот Советски Сојуз, Придњестровје беше во краткотрајна војна со Молдавија, што заврши со примирје кое се одржува со мировни сили, вклучувајќи и илјада руски војници.

Придњестровје е формално дел од молдавската територија, но практично е сосема независно од властите во Кишењев, со своја власт која е изразито проруска. Таа се декларира како независна држава, иако никој не ја признава нејзината самостојност, вклучувајќи ја и Русија.

Рогозин е еден од руските функционери кој се наоѓа на „црната листа“ на ЕУ и САД по руската анексија на Крим. Тој е познат по своите настапи преку социјалните мрежи, на кои води остри полемики со Западот, а сега силно ја брани анексијата на Крим.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски