Руските железници заинтересирани за купување на грчкиот превозник ТРЕНОСЕ

Од:

Државната компанија „Руски железници“ (РЖД) ја разгледува можноста за формирање конзорциум за приватизацијата на грчката железничка компанија ТРЕНОСЕ, најави на претседателот на руската компанија, Владимир Јакунин.

Според Јакунин, како што објави весникот „Етнос“, неговата компанија е заинтересирана за три грчки компании: Солунското пристаниште, грчката железница ТРЕНОСЕ и компанијата за ремонт и поддршка на железничката опрема РОСКО.

– Грција, заедно со „тројката“ меѓународни кредитори, сè уште не успеа да го реши проблемот со долговите на ТРЕНОСЕ, што во моментов изнесуваат 800 милиони евра, а тоа е значаен фактор што ќе влијае на конечната одлука за учеството на „Руските железници“ во целиот приватизациски процес – истакна Јакунин.

Според него, политиката на ТРЕНОСЕ не овозможува компанијата ниту за 20 години да успее да ги покрие овие долгови.

– На тендерот за ТРЕНОСЕ „Руските железници“ имаат многу конкуренти – кинески, арапски и европски, но нашата компанија учествува со грчки партнер, а можно е да се појават и други учесници и да станеме конзорциум – додаде Јакунин.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска