Руските сили во Калининград вежбаа симулирани нуклеарни ракетни напади

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска објави дека нејзините сили вежбаат симулирани нуклеарни ракетни напади во Калининград, западна енклава лоцирана меѓу Полска и Литванија.

Според соопштението, се практикувале симулирани „електронски лансирања“ на мобилните балистички ракетни системи Искандер.

Руските сили практикуваа поединечни и повеќекратни напади врз замислени цели – лансери на ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и непријателски командни пунктови. Исто така бил извршен маневар за промена на позицијата за да се избегне можна одмазда. Борбените единици вежбаа и „акции во услови на радијација и хемиска контаминација“.

Во воената вежба учествуваа повеќе од сто војници.

Русија ги стави своите нуклеарни сили во состојба на висока борбена готовност веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на специјалната воена операција во Украина на 24 февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов