Руските сили уништија 24 украински беспилотни летала над Русија

Од:

Руските сили за воздушна одбрана (ПВО) синоќа уништија 24 украински беспилотни летала над руска територија, соопшти Министерството за одбрана.

Како што е наведено во соопштението за печатот на руското Министерство, украински беспилотни летала се уништени над регионите Ростов, Брјанск, Белгород, Рјазан и Астрахан, како и над територијата Краснодар, пренесува Риа Новости.

Министерството за одбрана прецизираше дека шест беспилотни летала се уништени над територијата на Ростовската област, пет над територијата на Брјанската област и Краснодарската територија, четири над територијата на Белгородската област, три над територијата на Рјазанската област и еден над територијата на Астрахан.

Засега нема извештаи за штети или жртви во овие напади.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија