Руските претседатели би можеле да имаат имунитет од кривично гонење и по истекот на мандатот

Од:

Руските претседатели би може да добијат имунитет од кривично гонење откако ќе им заврши мандатот, врз основа на уставните реформи, изјави високиот владин претставник Павел Крашеников.

Имунитетот по завршување на претседателскиот мандат е предлог на парламентарна работна група, што уследи откако претседателот Владимир Путин минатиот месец објави реформи на политичкиот систем.

Иницијативата на Путин, што уследи по реструктурирањето на владата, се оценува како средство за продолжување на неговото владеење по истекот на претседателскиот мандат во 2024 година.

– Предлозите на парламентарната работна група вклучуваат давање имунитет на поранешните претседатели од кривичен прогон. претседателот на Русија, кога ќе му истече мандатот добива имунитет, посочи копретседателот на групата Крашеников.

Тој додаде и дека руските претседатели би можеле да станат и доживотни сенатори по истекот на мандатот.

Пратениците во Долниот и Горниот дом на рускиот Парламент уживаат имунитет од кривично гонење.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски