Руските медиуми за посетата на Бајден: „Можевме да го убиеме, но тоа би било премногу“

Од:

Руски официјални претставници и државни медиуми објавија за посетата на Бајден на Украина и изјавија дека тој и онака „ ги води работите“, што се вклопува во наративот на Кремљ дека владата на Зеленски е всушност марионета на американските власти.

За време на гледаното шоу „60 минути“, гостите беа прашани дали Русија ја гарантира безбедноста на претседателот и, ако е така, зошто? Дописничката на „Скај њуз“ од Москва, Дијана Магнеј, јави дека еден од гостите во емисијата одговорил: „Можевме да го убиеме Бајден, но тоа ќе беше премногу“.

Сергеј Марков, поранешен советник на Путин, за Sky News изјави дека Русија не се обидела да го убие американскиот претседател бидејќи не сакала нуклеарна војна. „Тие ќе продолжат да ги прикажуваат овие снимки како доказ дека Украина ги слуша наредбите на Џо Бајден и дека вистински непријател се САД“, рече Марков.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украина е подготвена за директни мировни преговори со Русија

А1он

Зеленски: Предлогот на Украина за ненапаѓање на цивилната инфраструктура останува на маса

А1он

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Зеленски по најавата за примирје: Путин манипулира со животите на луѓето

А1он