Рускиот патријарх повика на света војна против тероризмот

Од:

Рускиот патријарх Кирил за време на посетата на Велика Британија, повика државите да се обединат во борбата „против злото тероризам“, истакнувајќи дека тоа е „света војна“.

– Денешната војна против тероризмот би требало да биде заеднички потфат. Тоа не е само борба на Русија. Тоа е борба на сите држави, сите би требало да се обединиме и да го совладаме злото, рече синоќа Кирил по состанокот со кралицата Елизабета и надбискупот од Кантербери.

Кирил додаде дека тоа е војна „што се нарекува света војна“, наведува порталот Политико.

Рускиот партијарх не прецизирал која би била главна цел на таа војна.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски