Рускиот патнички авион пронајден, повеќето патници се погинати

Од:

Воените авиони го открија трупот на патничкиот руски авион во планински предел, а 45 возила на египетското здравство се движат кон несреќата, за да ги однесат погинатите и ранетите, соопштија од египетската влада.

Засега нема индикации дека авионот е соборен, наведуваат извори од Службата за безбедност.

На северот од Синај веќе две години е седиштето на огранокот на Исламска држава, кои досега убија над стотина војници и полицајци.

Помеѓу 224 луѓе кои беа во авионот, кој леташе од Шарм ел Шеик кон Санкт Петерсбург се наоѓаа 17 деца, 200 возрасни и седум членови на екипажот, пренесува РИА новости.

Портпаролот на руската воздухопловна управа Росавијација, Сергеј Исволски кажа дека авионот полетал во 6.21 часот, а контактот бил изгубен после 25 минути.

Египетските спасувачки тимови го пребаруваат местото во областа Хашаба, јужно од Ел Ариш на Синаи, соопшти египетското Министерство за цивилен сообраќај.

Агенцијата РИА Новости јави дека авионот летал за авио превозникот МетроЏет.

Скај Нјуз Арабија соопштува дека авионот се урнал кај Ел Ариш, на северот на Синајскиот полуостров, а израелските медиуми наведуваат дека авионот пред да исчезне од радарот воспоставил контакт со турската контрола на летање.

Во потрагата на авионот учествува и египетската војска.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он