Рускиот дисидент Александар Литвиненко бил убиен во третиот обид

Од:

Поранешниот руски разузнавач Александар Литвиненко, кој побегна во Велика Британија и стана политички дисидент, бил убиен во третиот обид, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се нови сознанија од истрагата за ова убиство од пред повеќе од осум години.

Ваквите откритија се појавуваат на почетокот од јавната истрага што почнува денеска во Лондон. Со истрагата во наредните девет недели ќе раководи судијата Роберт Овен, кој претходно раководеше со веќе започнатата коронерска истрага за причините на смрта на Русинот, кој пред да почине стана британски државјанин.

Литвиненко почина во болница на 23 ноември 2006 година како последица на труењето со радиоактивниот изотоп полониум. Две недели пред тоа, тој во лондонскиот хотел „Милениум“се сретнал со своите двајца познаници од времето кога тројцата работеле за КГБ, Андреј Луговој и Дмитри Ковтун.

Веднаш по средбата Литвиненко се пожалил дека не се чувствува добро, а неговата здравствена состојба се влошувала, па бил префрлен во болница, каде и почина. Истрагата на Скотланд Јард утврди дека бил отруен со полоноум, што му бил истурен во чајот што го испил со Луговој и Ковтун. Следејќи го трагот на полониумот, британската полиција заклучи дека изотопот го донеле тие двајцата и дека само тие можеле да го употребат, па за труењето беше осомничен Луговој.

Британските правосудни власти побараа тој да биде екстрадиран во Велика Британија за да биде сослушуван, но руските власти го одбија тоа, објаснувајќи дека според Уставот, државјани на Русија не може да биде испорачани за судење во странска земја. Луговој, кој во меѓувреме стана пратеник во руската Дума, како и Ковтун, кој не беше формално осомничен, ги отфрлаат обвинувањата за убиство на Литвиненко.

Јавната истрага сега треба да утврди кој навистина го отрул Литвиненко, кој по доаѓањето во Лондон стана остар критичар на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, но почна да работи и за британската разузнавачка слуќба МИ6.

Работењето на политичкиот бегалец како разузнавач и во Велика Британија, првично беше демантирано, додека тоа не го потврди неговата сопруга Марина Литвиненко. Медиумите потоа открија дека Литвиненко соработувал и со тајните служби на Шпанија, Италија и Грузија, во една голема истрага на шпанското разузнавање, околу мрежата на организираниот руски криминал на шпанска територија.

Во меѓувреме, проториевскиот „Дејли Текеграф“ откри дека американската НСА ги снимила разговорите на Луговој и Ковтун додека биле во Лондон во времето кога беше отруен Литвиненко и снимките за нивната комуникација им ги прадела на Британците.

Според весникот, кој се повикува на „извор во истрагата“, снимените разговори на двајцата Руси „дефинитивно потврдуваат“ дека зад убиството стои Русија. Овој извор рекол дека Литвиненко бил ликвидиран затоа што со истрагата што ја водел можело да го наруши угледот на претседателот Путин и да им „наштети на бизнис интересите на неговиот внатрешен круг“.

Марина Литвиненко уште додека нејзиниот сопруг беше на умирање го обвини Кремљ за труењето. Нејзиниот адвокат изјави денеска дека смртта на Александар Литвиненко е последица на „од државата спонзорирано нуклеарно убиство на улиците на Лондон“.

Јавната истрага доаѓа по долгата правна битка на вдовицата на убиениот, откако британската Влада се противеше на спроведувањето ваква истрага.

Премиерот Дејвид Камерон по изборната победа во мај 2010 година, настојуваше да ги поправи односите со Русија, кои беа сериозно нарушени со случајот на Борис Березовски и неговата анти-Путин активност во Велика Бритаиија, а сосема „замрзнати“ по убиството на Литвиненко.

Британскиот премиер подоцна ја посети Москва на чело на голема бизнис делегација, па од опозицијата беше обвинуван дека во интерес на добрите економски и политички односи со Кремљ, не доволува јавна истрага за убиството.

Позицијата се измени по настаните во Украина, откако официјален Лондон им се приклучи на САД и на ЕУ во воведувањето санкции кон Русија.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он